среда, 4 декември 2024

Томпсон се врати во Сан Франциско како гостин, но не помина добро (ВИДЕО)

Првпат по 13 години Клеј Томпсон играше во Сан Франциско како гостин, сега е во дресот на Далас Маверикс, но Голден стејт благодарение на Стеф Кари го доби дуелот со 120-117.

Објавено на

часот

Сподели

Томпсон синоќа тој се сретна со тимот каде што ја почна својата кариера и чија легенда стана во претходните 13 години, освојувајќи притоа четири шампионски титули. Голден Стејт со пригодно видео му посака добредојде, но не му дозволи да се израдува на победата.

Враќањето на Томпсон донесе убав и атрактивен натпревар, на крајот славеше Голден Стејт со 120-117, но победникот не се знаеше до последните секунди. Вориорс доминираа, водеа и со 11 поени разлика, Далас се враќаше и на шест минути пред крајот на мечот, по тројката на Томпсон направи целосен пресврт.

Во драматичната завршница, Голден Стејт пак го презеде водството благодарение на серијата од 10-0, а по двете слободни фрлања на Кари на 13 секунди пред крајот, повее со 120-117. Лука Дончиќ во последниот напад имаше тројка за продолжение, но не беше прецизен и Томпсон си замина со пораз од своето прво гостување во Сан Франциско.

Кари беше најзаслужен за тоа што Томпсон не се израдува во својот „дом“. Одигра извонреден натпревар, постигна 37 поени со 9 асистенции и 6 скока, а го следеа Куминга со 16 и Хилд со 14 поени. Дончичќ беше најдобар кај Далас со 31 поен.

Резултати:
Бостон – Атланта 116-117
Детроит – Мајами 123-121
Орландо – Шарлот 114-89
Филаделфија – Њујорк 99-111
Милвоки – Торонто 99-85
Јута – Феникс 112-120
Голден стејт – Далас 120-117
Портланд – Минесота 122-108

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ