петок, 25 октомври 2024

Нов напад на политичар во Германија, избоден кандидат на АфД

Кандидатот на партијата Алтернатива за Германија (АфД) за локалниот совет Хајнрих Кох бил нападнат со нож во градот Баден-Виртемберг во Германија, јавуваат германските медиуми.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според Билд, Кох бил повреден со скалпел во вторникот вечерта, а напаѓачот бил уапсен.

Инцидентот се случил во 22:45 часот во близина на пазарот откако кандидатот на десничарската АфД фатил вкупно три лица како кинеле плакати од неговата партија, од кои едното го нападнало и го повредило со остар предмет.

Другите двајца сè уште се во бегство, а оружјето користено во нападот е скалпел за хартија, изјави партискиот портпарол.

Политичарот на АфД сè уште е во болница, но наводно претрпел само исеченици.

Полицијата во Манхајм засега само потврди дека имало полициска интервенција, а подетални информации се очекуваат во текот на денешниот ден.

Конзервативниот политичар Михаел Штурценбергер, познат критичар на исламот, беше избоден со нож на 31 мај за време на јавен митинг во Манхајм, по што полицијата пукаше и го рани напаѓачот, Авганистанецот Сулејман Атаи (25). Полицаецот, кој работеше на обезбедување на собирот на Штурценбергер, подоцна почина од повредите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ