вторник, 8 октомври 2024

Нoрвешката писателка Хилде Миклебуст ќе го промовира својот роман во Скопје, Велес и Куманово

Реномираната норвешка писателка Хилде Миклебуст се очекува денес да пристигне во Скопје и ќе биде присутна промоциите на преводот на нејзиниот роман за тинејџери „Распарчени“ во Скопје, Куманово и Велес. Делото во издание на „Бата прес“ го преведе Искра Бадева, а објавувањето на книгата е поддржано од Европската Унија и Министерството за култура, во рамките на проектот „За нивната иднина“ со кој „Бата прес“, оваа и минатата година во програмата „Креативна Европа“ објавува 15 книги за деца и млади од петнаесет познати европски автори.

Објавено на

часот

Сподели

Промоциите се закажани на 8 октомври во 11 часот во Домот за културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода, а на 9 октомври во 12 часот во библиотеката „Гоце Делчев“ во Велес и во 14 часот во библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово.

„Распарчени“ е живописен роман за пријателството, за тоа како е можно истовремено да се биде среќен и тажен кога нешто навистина чудесно и нешто навистина ужасно ќе се случат истовремено. За Миа и за нејзините школски другари започнува летниот распуст. Долго време ќе бидат слободни. Но, наскоро ќе треба да почнат во средно училиште и секој по својот пат: ќе бидат разделени во различни насоки. Сепак тие го имаа ова лето за да бидат заедно, овде и сега. За време на распустот, Миа и Аре се зближуваат на некој нов, чуден начин и тешко е да се каже дали е тоа другарство или љубов. Штом пристигна есента, Миа се пресели во интернат. Таа блеска во нејзината нова средина на музички план и се впушта во нов средношколски живот исполнет со концерти, забави, животот во интернатот и нови пријатели. Потоа Аре се разболува…

Авторката Хилде Миклебуст е родена 1979 година во Норвешка. Таа е една од најреномираните и една од најважните современи авторки во Норвешка. Дебитирала во 2006 година со збирката поезија Berre dagar, а во 2008 ја објави книгата Søkk.

Студирала литература и драмска уметност на Универзитетот во Берген. Во мај 2020 година ја доби наградата „Диктартавла“, што се дава на млади норвешки поети. Миклебуст. Има напишано три збирки поезија кои добија високи оценки од книжевните критичари. Исто така има објавено сликовници од кои најпозната е „Илва и дивите кози“ (Ylva og villgeitene) во 2020 година. Беше номинирана за наградата „Браге“ во 2022 година.

Романот „Распарчени“ е нејзиниот прв роман за тинејџери и беше во потесен избор за познатата светска награда „Бели гаврани“ во 2023 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ