вторник, 26 ноември 2024

Николоски: Мојата конкуренција во ИЕ4 работи на уништување на здравствениот систем

„Конкуренцијата главно се занимава со злоупотреба на здравствениот систем во Македонија“, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој е носител на изборната листа во ИЕ4 коментирајќи ја кампањата во овој дел од Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„Во секоја општина во ИЕ 4 има по еден јатак, едно  лице кое го има задолжено да оди по луѓе и да ги прашува дали има здравствени проблеми и ако има здравствени проблеми да им закаже преглед  или недај боже нешто посериозно и на тој начин го руши системот затоа што да му закажат на некого со врски кој е на пример од Демир Капија некој кој редовно чека да се прегледа на Мој термин а му е закажано пред три месеци дента џабе ќе оди на клиника во Скопје да се прегледа бидејќи овој со врски кој од мојата конкуренција ќе биде прегледан. Така што мојата конкуренција работи на дополнително уништување на здравствениот систем кој пепел го направи додека беше министер“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое се пренесува став на Николоски искажан во гостување на радио Лидер.

Николоски се осврнал и на вториот круг од претседателските избори и оцени дека четири помали опозициски партии од македонскиот политички кампус им слугуваат, како што ја пренесува ВМРО-ДПМНЕ неговата изјава, свесно или несвесно на Али Ахмети и на власта, затоа што „до денес ја немаат поддржано Гордана Сиљановска Давкова што е најнормалната работа да ја направат ако се опозиција“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ