вторник, 22 октомври 2024

Николоски: ЕУ ако сака проблемот на Македонија со Бугарија може да го реши за едно претпладне

Ние во кампањата имавме едно клучно ветување и една политичка заложба. Клучното ветување беше дека ДУИ ќе оди во опозиција и во недела ДУИ ќе оди во опозиција, нешто што 20 години било мисловна именка, сега станува реалност, изјави Александар Николоски, пратеник и член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе биде и иден вицепремиер и министер за транспорт за ТВ Телма.

Објавено на

часот

Сподели

„Политичката заложба беше дека никогаш нема да дозволиме Бугарија да ја уценува Македонија и дека нема да дозволиме уставни измени под бугарски диктат“, рече Николоски и додаде дека за Македонија друга алтернатива освен евроинтеграција нема и факт е дека тоа е двонасочна улица.

„Јас стојам на тоа што сум го зборувал дека доколку најголемите земји членки на ЕУ сакаат, тука не спаѓа Германија, Германија сака Македонија да почне преговори, проблемот со Бугарија ќе го решат за едно претпладне или едно попладне“, изјави Николоски.

Тој додаде дрка „ние немаме проблем со најсилната, туку со најслабата државата, или втората најслаба членка на ЕУ. Значи никој не може да ме убеди дека не можат тоа да го решат, да го решат спорот со Бугарија ако сакаат проширување. Тие не сакаат проширување затоа не го решаваат“, заклучи Николоски.

Потпретседателот на ВМРО –ДПМНЕ Николоски, тврди дека најавениот поволен кредит од милијарда евра ветен во предизборието нема да биде заем од Кина, туку од земја членка на ЕУ и НАТО.

„Идната влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ не планира соработка за тоа со Кина, ниту со Русија“. Ваквиот чекор тој го правда со тоа што вели дека каматите на меѓународните кредитори како ММФ и Светска банка поскапеле и сега изнесуваат и над 5 отсто што е исклучително скапо. За заемот договорен влада со влада, вели имаат 2 основни предуслови.

„Каматата да е пониска од меѓународните кредитори, факт е дека тој што ќе ги позајми парите ќе заработи, нема да ги даде како подарок, ние би биле среќни доколку каматата е под или околу 3 проценти. И, второ, да има еден пристоен грејс период и пристоен период на враќање на тој кредит, како би можел истиот да биде употребен за развој на државата“, рече Николоски.

„Со измените во Законот за организација и работа на органите на управата скративме доста институции. Идејата ни е да правиме и втор кратење на директорски места. Точно е дека го скративме бројот на институции во државава за околу 20 проценти  и дваесеттина проценти од условно кажано од функционерските позиции. Значи во болниците нема да има по два директори затоа што сметаме дека тоа е една од причините за колапс на системот. Затоа ќе има само еден директор за цел клинички, ФЗО ќе има еден директор наместо двајца, болниците низ државата исто ќе имаат еден не по двајца директори“, кажа Николоски.

Тој изјави дека со формирањето на нови министерства се кратат и неколку агенции.
„Агенција за енергетика се укинува, ќе се укине и Фондот за иновации таму ќе има сериозна истрага и во бројни други институции“, изјави Николоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ