„Би сакал да му се заблагодарам на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден претседател на Владата, Христијан Мицкоски за укажаната доверба и чест да бидам заменик претседател на владата.
Да се биде дел од неговиот тим во ВМРО-ДПМНЕ беше огромна чест и одговорност, истото е и за Владата. Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, така ќе ја креваме и Македонија!“, напиша Николоски.