недела, 9 март 2025

Николоски до Пендаровски: Не ја уривај позицијата на Македонија

Во пост на својот фејсбук профил вицепремиерот Александар Николоски го советува поранешниот претседател Стево Пендаровски „да ужива во пензијата и да не ја брука земјата“ откако Пендаровски вчера ја критикуваше надворешната политика на Владата.

Објавено на

часот

Сподели

Вицепремиерот Александар Николоски  го повика поранешниот претседател Стево Пендаровски да не ја урива позицијата на Македонија со своите изјави, откако Пендаровски вчера во гостување на Сител ја критикуваше надворешната политика на Владата.

Во пост на својот фејсбук профил Николоски го советува Пендаровски  да „ужива во пензијата и да не ја брука земјата“.

„Стево Пендаровски – човек кој два пати изгуби претседателски избори, вториот пат со историски најголема разлика, после 10 месеци реши да се појави во јавност и да го напаѓа премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ заради поддршката на САД и претседателот Доналд Трамп. Пендаровски кој иако вети не се откажа од доживотна пензија на грб на граѓаните, го напаѓа претседателот на нашиот стратешки партнер број 1. Арогантно дели ‘ум’ на светски лидери, а сам себе не се гледа. Човекот кој масовно ја злоупотребуваше Агенцијата за разузнавање со наредба да фабрикуваат извештаи за нас од ВМРО-ДПМНЕ дека сме  проруски, антизападни, антиамерикански, за мене слушам напишале дека сум претставник на  иранско – турско – унгарско влијание и пуштаа гавази да ги молат стратешките партнери пола од носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ да завршат на црна листа за така да се спасат од пораз, истиот тој сега е најантизападен и најантиамерикански“, напиша Николоски на фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ