вторник, 22 октомври 2024

Никогаш да не се повтори – комеморативен марш за Сребреница во Скопје

Под мотото: Никогаш да не се повтори, вечерва во Скопје се одржа комеморативен „Марш за Сребреница“ во знак на почит и сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница, во организација на Бошњачкиот национален совет (БНС).

Фото: Фејсбукј на Бошњачки демократски сојуз

Објавено на

часот

Сподели

Маршот започна од булеварот Џон Кенеди, преку Старата скопска чаршија до плоштад Македонија, каде се одржа комеморативна програма по повод сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница.

На плоштадот беа изложени уметнички слики и фотографии поврзани со геноцидот.

„Оваа година, како и изминатите години го организираме традиционалниот комеморативен „Марш за Сребреница“ во знак на почит и сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница“, рече Џевад Хот од БНС.

„Ние, Бошњаците во Република Северна Македонија, заедно со останатите етнички заедници, покажавме дека се сеќаваме на планираниот и извршен геноцид над нас, со пораката дека нема да заборавиме и со пораката тоа никаде и никому да не му се случи“, порача Бошњачкиот демократски сојуз.

Во Меморијалниот центар Сребреница, во Босна и Херцеговина,, денеска се одбележува 29-годишнината од геноцидот, во кој на 11 јули 1995 година, во подрачје заштитено од Обединетите нации, сили на босанските Срби убија повеќе од осум илјади Бошњаци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ