вторник, 22 октомври 2024

Ники Хејли побара Тајната служба да ја заштитува

Американската кандидатка за претседателска номинација на Републиканската партија Ники Хејли поднесе барање Тајната служба да ја заштитува, поради заканите со кои се соочува, потврди за Си-ен-ен портпаролот на нејзината кампања.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според нејзиниот тим, заканите биле упатени до Хејли затоа што таа е единствениот преостанат кандидат кој се натпреварува со поранешниот претседател Доналд Трамп за номинацијата на републиканците.

Специјалци на СВАТ, единица во рамки на американските полициски сили, обучени да се справуваат со особено опасни ситуации како што се земање заложници и немири, беа повикани во домот на Ники Хејли во Јужна Каролина двапати во последните месеци, а еден од инцидентите се случил додека нејзините родители биле таму, наведе Си-ен-ен.

„Дел од трката за претседател е дека ќе се соочувате со закани. Тоа нема да ме одврати. Кога работите нешто вакво, добивате закани. Тоа е реалноста и тоа е во ред“, рече Хејли.

Тајната служба обезбедува заштита на одредени личности само откако ќе биде овластена од секретарот за домашна безбедност, кој се консултира со советодавниот комитет на Конгресот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ