Во интервју за државната телевизија на Нигер, полковникот Амаду Абдраман, еден од командантите на пучистите, рече дека овластувањето е потпишано од министерот за надворешни работи на Нигер, Хасуми Масуд, вршител на должноста премиер, пренесува Ројтерс, додавајќи дека Масуд не може да се контактира за коментар.
Франција, поранешниот колонијален владетел на Нигер, го осуди пучот и ја повика воената хунта да го врати Базум на власт, но официјален Париз не потврди каква било намера за воена интервенција.
Хунтата претходно предупреди на обиди на странски агенти да го ослободат Базум, предупредувајќи дека таквиот обид ќе резултира со крвопролевање и хаос.