сабота, 20 јули 2024

Невремето пристигна, ветерот крши гранки, летаат предмети и ѓубре (ФОТО+ВИДЕО)

Како и што беше најавено од УХМР, попладнево во Македонија и во Скопје пристигна невремето со силен ветер, на места со брзина од над 70 километри на час. Преку ЦУК е веќе дистрибуиран кус видео запис од скршени големи гранки од дрво паднати најмалку врз еден автомобил, во непосредна близина на ТЦ Веро џамбо. Една жена е повредена од пад на дрво на бул. Климент Охридски во Скопје.

Фото:МКД.мк

Објавено на

часот

Сподели

Ветерот во Скопје носи гранки, парчиња ѓубре, кеси, а опасноста е и од паѓање на покриви и олуци. Дрвја и скшени гранки има и кај поранешната зграда на НИП Нова Македонија, спроти Театар комедија.

На ова место, на бул. Климент Охридски, од падот на дрво повредена е една жена која е пренесена во Клиничкиот центар. Предизвикана е и материјална штета.

УХМР прогнозира наместа локален пороен дожд проследен со грмотевици, а можно е да заврне и град. Нестабилно со услови за невреме ќе биде и во следните два дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ