Циклонот донесе пороен дожд, 20 лица се водат како исчезнати во невремето, а во тек е и хеликоптерската потрага, пренесе Ројтерс.
Најтешко е погоден градот Кара, каде состојбата е крајно загрижувачка, соопшти локалната самоуправа.
Гувернерот на државата Рио Гранде до Сул, Едуардо Леите ја посети загрозената област. Тој посочи дека главна цел сега е да се спасат човечки животи и да се лоцираат исчезнатите лица, како и да се обезбеди потребната поддршка на загрозените семејства.
Надлежните издадоа предупредување за опасност од лизгање на земјиштето и одрони во повеќе области. Досега повеќе од 2.400 луѓе се спасени од загрозените зони.