вторник, 22 октомври 2024

Невреме пак го погоди Скопје, повредена е жена

Жена е повредена откако од силниот ветер попладнево падна дрво на булеварот Климент Охридски во Скопје.

Фото: МКД.мк

Објавено на

часот

Сподели

Жената е пренесена на скопските клиники, а во расчитувањето на теренот интервенирала и Теритoријалната противпожарна единица на Град Скопје со тројца пожарникари.

Предизвикана е и материјална штета.

Претходно, ЦУК информираше за паднато дрво и кај трговскиот центар Веро Џамбо.

Повеќе информации од ЦУК најавуваат за подоцна.

Синоптичарите за денеска попладне најавуваат пороен дожд, грмежи, град и силен ветер над 70 километри на час. Предупредуваат на внимателност во текот на вечерните и ноќните часови во повеќе региони, како и внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и места каде има опасност од одрони и свлечишта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ