вторник, 22 октомври 2024

Неуспех на Санчез: Парламентот на Шпанија ја отфрли амнестијата за каталонските сепаратисти

Шпанскиот премиер Педро Санчез доживеа вчера голем неуспех бидејќи во парламентот уште во првото читање беше отфрлен неговиот предлог закон за амнестија на каталонските сепаратисти што ја покажува големата слабост на неговата влада именувана пред само два месеци.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Парадоксално, против тој многу спорен предлог закон гласаше каталонската партија на Карлес Пучдемон „Јунт пер Каталуња“. Таа оцени дека таквиот закон не гарантира амнестија за нејзиниот лидер, главната личност на обидот за отцепување на Каталонија од Шпанија во 2017.

Одбивањето во првото читање не значи откажување од предлог законот, туку дека мора да се врати во собранискиот одбор каде може да се измени. Но тоа го илустрира трајниот притисок на кој партијата на Пучдемон ја подложува извршната власт, без мнозинство пратеници.

„Понижувањето е константно, секој ден. Секој глас е предизвик“, кажа лидерот на десничарската опозиција Алберто Нуњес Феихо кој во неделата повторно мобилизираше 45.000 поддржувачи во центарот на Мадрид против таа амнестија која длабоко го подели шпанското општество.

Ако парламентот на крајот го изгласа законот, би се овозможило прекинување на судските процеси против стотина сепаратистички активисти и лидери поради обидот за сецесија, вклучувајќи го Пучдемон кој избега во Белгија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ