понеделник, 22 јули 2024

Нето надворешниот долг на Македонија е 4,35 милијарди евра

Народната банка денеска излезе со најнови податоци за нето надворешниот долг. Според овие податоци, заклучно со 31 март, долгот изнесува 4.350 милиони евра (4,35 милијарди евра) или 29,9 проценти од проектираниот БДП.

Објавено на

часот

Сподели

Нето надворешниот долг на земјата, во првиот квартал од 2024 година, е намален за 109 милиони евра, или за 2,4 проценти. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 62 проценти, информира централната банка.

„На крајот на првиот квартал од 2024 година, бруто надворешниот долг изнесува 11.789 милиони евра и забележа квартално зголемување од 327 милиони евра. Бруто надворешните побарувања се зголемија за 436 милиони евра и изнесуваат 7.440 милиони евра. Поголемото квартално зголемување на побарувањата во однос на обврските доведе до намалување на нето надворешниот долг за 109 милиони евра, така што на крајот на март 2024 година тој изнесува 4.350 милиони евра“, се вели во соопштението на Народната банка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ