сабота, 19 октомври 2024

Нетанјаху се слушна со Путин, го критикуваше за гласањето во ОН и соработката со Иран

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху денеска на рускиот претседател Владимир Путин му го изрази своето незадоволство поради гласањето на Русија за прекин на огнот меѓу Хамас и Израел во Појасот Газа. „Премиерот изрази незадоволство поради анти-израелската позиција усвоена од руските претставници во ОН и на други форуми“, се вели во соопштението од кабинетот на Нетанјаху, по телефонскиот разговор на двајцата лидери.

Објавено на

часот

Сподели

Во петокот, Русија ја поддржа резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот во Газа, на која беше ставено вето од Вашингтон. Американскиот претставник појасни дека САД не поддржуваат итен прекин на огнот затоа што така само „ќе се посади семето за идна војна бидејќи Хамас нема желба за траен мир“.

Нетанјаху нагласи дека секоја друга земја што би претрпела терористички напад сличен на оној што го извршија членовите на палестинската милитантна група Хамас на 7 октомври против Израел, би реагирала „во најмала рака со истата сила“ како што тоа го направи Израел.

Во разговор со Путин, Нетанјаху го изрази и своето „цврсто неодобрување“ на руската „опасна“ соработка со Иран, се додава во соопштението. Тој исто така изрази благодарност за ангажманот на Русија што доведе до ослободување на заложник со двојно израелско и руско државјанство од страна на Хамас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ