вторник, 22 октомври 2024

Нетанјаху: Ова ќе биде долга и тешка војна

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека копнената операција во Газа е втора фаза од војната со Хамас, со „многу јасни цели“.

Објавено на

часот

Сподели

Нетанјаху рече дека дополнителните израелски копнени сили влегле во, како што го нарече, „упориштето на злото“, мислејќи на Газа, за да го „растворат“ Хамас и да ги вратат заложниците дома.

Нетанјаху рече дека израелските војници и команданти „сега се во Појасот Газа, распоредени насекаде“.

Нетанјаху го заврши својот говор со поддршката за која рече дека ја добил од сојузниците од Западот и арапскиот свет.

Тој исто така изјави дека „ова ќе биде долга и тешка војна“, додавајќи:

„Ќе победиме. Ќе се бориме и нема да се предадеме. Нема да се повлечеме. Над земја и под земја“, рече Нетанјаху, пренесе Би-би-си.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ