вторник, 22 октомври 2024

Нетанјаху објави видео во кое ги критикува САД, Белата куќа е разочарана

Белата куќа изрази „длабоко разочарување“ поради критиките на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упатени до Соединетите Американски Држави, во ек на тензиите меѓу двата сојузници поради израелската војна во Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Одговорот на Белата куќа стигна по состанокот на советникот за национална безбедност Џејк Саливен и двајца главни помошници на Нетанјаху, на кој се разговарало за Газа.

Нетанјаху во вторникот објави видео на англиски јазик во кој го раскажа разговорот со шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен кој, како што кажа израелскиот премиер, му дал збор дека администрацијата на претседателот Џо Бајден работи на отстранување на рестрикциите на испораките на оружје за Израел. Но, главниот американски дипломат одби да го потврди тоа.

Продолжувајќи да ја раскажува содржината на својот разговор со Блинкен, Нетанхају додаде дека рестрикциите на пратки на оружје и муниција за Израел во последните неколку месеци ги нарекол „несфатливи“.

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби се осврна на тие коментари на брифингот за новинари, кажувајќи дека САД му изразиле незадоволство на Израел.

„Мислам дека на своите израелски колеги многу јасно и недвосмислено им го пренесовме своето длабоко разочарување од изјавите изнесени во видеото, како и загриженоста околу точноста на дадените изјави“, кажа Кирби.

„Тврдењата дека сме престанале да му помагаме на Израел околу нивните одбранбени потреби се целосно неточни“, истакна тој.

Блинкен кажа дека немало пречки во испораките на оружје на Израел, кој провоцира и надвор од Газа особено со либански Хезболах и Иран. Но, одби да го коментира разговорот со израелскиот премиер пред три дена.

„Постои само една испорака на муниција со голема носивост која ја задржавме на преглед. Тоа не е тесно грло“, кажа портпаролот на американската дипломатија Метју Милер.

Тој истакна дека таа пратка била сопрена во мај поради загриженоста околу можните последици во густо населените подрачја, што не значи дека на Израел му е ускратено добивањето на останатото вооружување вредно милијарди долари.

Израелските постапки се сега под лупа откако бројот на убиени Палестинци во војната надмина 37 илјади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ