петок, 25 октомври 2024

Нетанјаху на границата со Либан: „Подготвени сме да преземеме силни акции во областа“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја посети границата со Либан на северот на земјата, каде рече дека Израел е подготвен да преземе силни акции во областа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Северните погранични градови на Израел, од кои многу се евакуирани, се честа мета на ракетни напади и напади со беспилотни летала од либанската милитантна група Хезболах.

Ракетите предизвикаа огромни пожари оваа недела, изгореа големи области низ северен Израел.

„Кој мисли дека може да ни наштети, и дека ќе седиме со скрстени раце, прави голема грешка. Подготвени сме за многу силна акција на север. Вака или онака, ќе ја вратиме безбедноста на север“, кажа Нетанјаху.

Хезболах, поддржан од Техеран, разменува оган со Израел во последните осум месеци напоредно со војната во Газа, предизвикувајќи загриженост дека би можел да избие поширок конфликт меѓу тешко вооружените ривали.

Непријателствата меѓу Израел и Хезболах го достигнаа најлошото ниво откако тие влегоа во војна во 2006 година, а десетици илјади луѓе од двете страни на границата беа принудени да ги напуштат своите домови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ