вторник, 22 октомври 2024

Нетанјаху: Израел нема да се согласи на прекин на огнот, ова е време за војна

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја нема да се согласи на прекин на огнот, додавајќи дека сега е време за војна.

Објавено на

часот

Сподели

„Како што САД немаше да се согласат на прекин на огнот по бомбардирањето на Перл Харбор или по терористичките напади на 11 септември 2001 година, Израел нема да се согласи на прекин на непријателствата со Хамас по ужасните напади на 7 октомври“, рече Нетанјаху на прес-конференција во понеделникот, пренесува Гардијан.

Тој додаде дека повиците за прекин на огнот се исто што и „повикот до Израел да му се предаде на Хамас, да се предаде на тероризмот и варварството“.

„Тоа нема да се случи. Библијата вели дека има време за мир и време за војна. Ова е време за војна“, рече израелскиот премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ