петок, 25 октомври 2024

Нетанјаху: Израел ќе ја продолжи офанзивата против Хамас и во Рафа

„И покрај меѓународните притисоци, Израел ќе ја продолжи офанзивата против Хамас, вклучувајќи го и градот Рафа на југот на Појасот Газа“, кажа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Меѓународен притисок постои и расте, но особено сега мораме да ги збиеме редовите, мораме заедно да им се спротивставиме на обидите да сопре војната“, кажа Нетанјаху, додавајќи дека сите кои го бараат тоа всушност велат „да се изгуби војната“.

Војската ќе врши операции против Хамас во целиот Појас Газа, „вклучувајќи ја и Рафа, последното упориште на Хамас“, кажа Нетанјаху.

„Сите што велат да не дејствуваме во Рафа ни кажуваат да ја изгубиме војната и тоа нема да се случи“, порача израелскиот премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ