Во моментов и египетски и катарски посредници работат на продолжување на прекинот на огнот во Појасот Газа.
„Од почетокот на војната поставив три цели: да се елиминира Хамас, да се вратат сите наши заложници и да се обезбеди Газа повеќе никогаш да не биде закана за Израел. Овие три цели и понатаму стојат.
Враќањето на десетината заложници е многу големо постигнување. Но во последните денови слушнав прашање дали Израел ќе се врати на борбите по завршувањето на оваа фаза враќање на израелски заложници. Мојот одговор е недвосмислено потврден.
Нема ситуација во која не ѝ се враќаме на борбата до крај. Тоа е мојата политика. Зад тоа стои целата безбедносна служба. Зад тоа стои целата влада. Зад тоа стојат војниците. Зад тоа стои народот. Ќе се вратиме во борба“, кажа Нетанјаху.