недела, 14 јули 2024

Нетанјаху: Израел ќе ја контролира Газа долго по војната

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелската војска (ИДФ) ќе мора да ја задржи безбедносната контрола над Појасот Газа долго по завршувањето на војната против палестинската милитантна група Хамас.

Објавено на

часот

Сподели

„Газа мора да биде демилитаризирана. А за да може Газа да се демилитаризира, постои само една сила која може да ја обезбеди таа демилитаризација – а таа сила се Израелските одбранбени сили“, рече Нетанјаху на прес-конференција.

„Ниту една меѓународна сила не може да биде одговорна за тоа“, рече тој, повикувајќи се на нејасните предлози за такви сили да ја преземат контролата врз Газа по завршувањето на војната, пишува Тајмс оф Израел.

„Видовме што се случуваше на други места каде што меѓународните сили беа донесени со цел на демилитаризација“, продолжи тој, силно алудирајќи на неуспехот на УНИФИЛ во јужен Либан да ја демилитаризира областа по Втората либанска војна во 2006 година.

Тој, исто така, се осврна на бесот што се зголеми во последните недели во Израел и меѓу поддржувачите на еврејската држава во странство поради неуспехот на ОН и групите за човекови права да го осудат масовното силување извршено од Хамас врз израелските жени на 7 октомври.

Организацијата на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women) конечно по неколкунеделно колебање, пишува Тајмс оф Израел, на 1 декември го осуди дивјачкиот напад на Хамас од 7 октомври, и изрази вознемиреност поради „многубројните извештаи за родово-базирани злосторства и сексуално насилство“ за време на нападот.

„Слушнав, а и вие сте слушнале, за инцидентите на сексуално злоставување и силување со неспоредлива суровост, но морам да кажам дека до пред неколку дена не ги слушнав тие организации за човекови права, не ги слушнав организациите на жените, не ги слушнав ОН. Не го слушнав нивниот плач. И јас им велам: Каде бевте? Дали молчите затоа што зборуваме за Еврејки“, праша премиерот.

„Каде сте по ѓаволите?“ – извика тој на англиски. „Очекувам сите цивилизирани лидери, влади, нации да се изјаснат против ова злосторство“.

„Ќе се пресметаме со секој кој киднапирал… убивал, колел, силувал и палел синови и ќерки на нашиот народ. Нема да простиме и нема да заборавиме“, нагласи премиерот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ