петок, 18 октомври 2024

Нетанјаху итно опериран: На премиерот на Израел утрово му бил вграден пејсмејкер

Објавено на

часот

Сподели

Докторот кој раководи со центарот за аритмија во Медицинскиот центар Шеба изјави дека процедурата поминала без никакви компликации, дека Нетанјаху се чувствува одлично и се враќа на својата секојдневна рутина, пренесе Ројтерс.

Нетанјаху итно бил префрлен во болница во текот на ноќта за вградување на пејсмејкер, пренесе АП. Кабинетот на Нетанјаху соопшти дека додека премиерот е ставен под анестезија за време на оперативниот зафат ќе биде заменет од министерот за правда Јарив Левин.

Во кратката видео изјава пред интервенцијата, Нетанјаху рече дека „се чувствува одлично“ и планира да го продолжи својот план за судски реформи веднаш штом ќе биде пуштен од болница, пренесе АП.

Објавата на Нетанјаху, објавена по полноќ, дојде една недела откако беше хоспитализиран поради, како што беше кажано во тоа време, дехидрација.

Болницата тогаш соопшти дека на Нетанјаху му бил поставен холтер за да се следи неговото срце, иако при прегледот не биле откриени никакви абнормалности.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ