вторник, 22 октомври 2024

Несреќа во рудник во Полска: Десет рудари се повредени, се трага по уште десетици

Како последица на земјотресот во рудникот за јаглен Ридултови на југот на Полска, повредени се 10 рудари, а по десетици други се трага, соопштија локалните власти.

Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Сѐ уште не е утврдена причината за земјотресот, кој се случи на длабочина од 1.200 метри утринава околу 8 часот.

Официјалните лица рекоа дека во тоа време имало 68 рудари во окното на рудникот.

На површина се извлечени 15 лица, од кои 10 се повредени и хоспитализирани. Од болницата во блискиот Катовиќ информираа дека сите се во стабилна состојба.

Рудникот е отворен во 1792 година и во него се вработени околу 2.000 рудари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ