вторник, 22 октомври 2024

Нешто ново во Грција, училиштен оркестар пее песни на грчки, македонски, турски, влашки јазик

Македонската песна Софка се пееше од оркестарот на музичкото училиште од Трикала, Грција, на концертот насловен „Виа Игнација: раскрсница на култури и етникуми“.

Објавено на

часот

Сподели

Ансамблот за традиционална музика на музичкото училиште од Трикала изведе песни на грчки, македонски, турски, понтски, сефардиски и на влашки јазик.
Концертот беше убаво музичко патување кое ја истакнува различноста на народите кои живеат и живееле на периферијата на Виа Игнација. Универзалниот јазик на музиката беше заедничкиот именител на овој концерт под водство на наставниците Јанис Каракалпакидис, Лазаридис Панајотис, Калиара Димитра и Пашалидис Полемахос.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ