вторник, 16 јули 2024

Нeптун слави 10 години на Хепи програмата за лојалност

Уникатноста на лојалната програма на Нептун, иако можеби звучи како флоскула, се должи на филозофијата дека ние не ги следиме трендовите, туку ги создаваме. Важно е континуирано да ги поместуваме границите, да го негуваме квалитетот на услугата и односот кон купувачите, но и да воведуваме нови, напредни поволности, удобно и елегантно искуство при пазарување и секако врвна поддршка во целиот процес, вели Зорка Стојанова, раководителка на програмата за лојалност и кредитирање во Нептун Македонија, со 10 години работно искуство во Нептун и докажана експертиза во малопродажба.

Објавено на

часот

Сподели

Стојанова е професионалец во сферата на финансиите, со магистерски студии во областа на Монетарна економија, финансии и банкарство на Економскиот факултет во Скопје. Разговаравме за нејзината улога во голема компанија како Нептун Македонија и за креирањето на стратегија за купувачите преку лојалната програма Хрепи (HaPPy), која нуди безброј поволности.

Во Нептун Македонија работите речиси 10 години. За почеток, запознајте нè што подразбира вашата моментална позиција?

-Моја задача и клучен фокус е внимателно градење и имплементирање на стратегии засновани на сериозна анализа на купувачите и нивното однесување, како и нивните желби, потреби и очекувања. Во таа смисла, внимателно ја креираме нашата програма за лојалност, со која сакаме да инспирираме повеќе радост и задоволство со секое купување кај нас.

Се обидувам да ги следам и реакциите на сите наши потрошувачи преку социјалните мрежи или грижата за корисници, знаејќи колку овие повратни информации се непроценливи во поглед на креирање на услови што нашите купувачи најмногу ги посакуваат. Во тој контекст, често тргнувам и од себе; што би ме привлекло, што емотивно би ме поттикнало да бидам лојален потрошувач, каква примарна и секундарна вредност може да ми понуди одредена програма… Така, благодарение на анализата на податоците за потребите и очекувањата, ја креираме нашата NEPTUN haPPy автентична приказна со купувачите.

Која е улогата на Нептун Македонија во вашиот професионален развој?

-10 лојални години во Нептун се поколопуваат со 10-от роденден на програмата за лојалност. Време во кое успеав да се надградам со знаење, да растам со позиција и  преминам во менаџер кој е дел од компанија и бренд што навистина го менува животот. Компанија која вложува многу во своите вработени, но и компанија која едно купувачко искуство го носи на едно друго повисоко ниво. Кога го велам тоа, не мислам само фигуративно, туку и суштински – со квалитетот на услугата што ја нудиме, иновативноста, корисничкото искуство, достапноста на колегите во продажба, компетенциите и знаењата на нашите вработени што секојдневно помагаат и олеснуваат нечие секојдневие.

Нептун Македонија е компанија што три децении е лидер на пазарот за продажба на бела техника; апарати за домаќинство; телевизиски, аудио и видео апарати; компјутери; смартфони; фото апарати и камери; лична нега и убавина; ладење и греење. Како се обидувате да останете во чекор со сè и да нудите релевантни поволности за купувачите во секое време?

-Уникатноста на лојалната програма на Нептун, иако можеби звучи како флоскула, се должи на филозофијата дека ние не ги следиме трендовите, туку ги создаваме. Важно е континуирано да ги поместуваме границите, да го негуваме квалитетот на услугата и односот кон купувачите, но и да воведуваме нови, напредни поволности, удобно и елегантно искуство при пазарување и секако врвна поддршка во целиот процес. Тоа е најдобриот начин да ги наградите лојалните потрошувачи и да им дадете можност да купуваат по посебни, повластени цени, користејќи ваучери, подароци и специјални изненадувања. Само така нашите купувачи се чувствуваат привилегирани, бидејќи програмата за лојалност е креирана токму според нивните потреби и очекувања. Тоа е еден вид ВИП статус наменет токму за нашите најголеми фанови.

Што може купувачите да очекуваат од HaPPy картичката ова лето?

– Пред извесно време лансиравме нова, подобрена haPPy програма, која овозможува низа неверојатни поволности и бенефиции; купување по haPPy цени, наградни поени, достава, промоции, поддршка, подароци за купувачите во сите градови и во сите наши продавници, екстра ваучери, а купувачите ова лето ги очекуваат и специјални изненадувања за топ 10 лојални купувачи.

Сите ние знаеме дека не секогаш купуваме само затоа што нешто ни треба, туку и за да го збогатиме секојдневието, да ги израдуваме најблиските со подарок, но и да се израдуваме себеси. Ние сме пресреќни и се чувствуваме привилегирани што сме дел од тие моменти на дарување и споделување, и сакаме да ги почестиме купувачите со нешто посебно, со нешто што нема да го доживеат на друго место, а тоа е тој, наш, автентичен NEPTUN haPPy третман.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ