недела, 21 јули 2024

Ненадејното заминување на Борис Џонсон од парламентот ги разниша британските конзервативци

Објавено на

часот

Сподели

Џонсон доцна синоќа ја напушти својата 22-годишна политичка кариера во знак на протест против парламентарната истрага за неговото однесување како премиер за време на врвот на пандемијата на ковид-19, кога во премиерската резиденција се одржувале забави спротивно на карантинот кој бил на сила.

Во својата изјава за оставката Џонсон се спротивстави на истрагата со која се истражува дали го излажал Долниот дом за забавите. Конзервативните пратеници лојални на Џонсон го фалеа неговиот говор во постови на социјалните мрежи. Останатите молчеа.

Премиерскиот мандат на Џонсон делумно беше прекинат поради гневот во неговата сопствена партија и низ Британија поради забавите во неговата резиденција во Даунинг стрит и кршењата на правилата за ковид-19. Џонсон кажа дека истражниот одбор не нашол „ни трошка докази“ против него.

„Поддржувачите на (британскиот премиер Риши) Сунак ги искористија своите оставки за да го избркаат Борис со неговите поддржувачи од должноста“, кажа денес конзервативниот пратеник Џон Редвуд реферирајќи на одлуката на Сунак да ја напушти владата на Џонсон минатата година.

Заминувањето на Џонсон од парламентот, заедно со неговата сојузничка Надин Дорис, кој во петокот исто така поднесе оставка, иницираше дополнителни избори за двете изборни единици кои ги држат конзервативците и кои Сунак сега треба да ги одбрани.

Опозициската Лабуристичка партија, која во анкетите води со околу 16 отсто пред конзервативците, објави дека ѝ се допаѓа таа можност.

Џонсоновата одлука за поднесе оставка би можела да биде крај на неговата 22-годишна политичка кариера, во која од пратеник во парламентот стана градоначалник на Лондон, а потоа изгради профил кој донесе победа, во ситуацијата на рамнотежа околу референдумот за излегување од Европската Унија во 2016, во корист на брегзитот.

Ед Дејви, лидер на опозициската партија на либерални демократи, кажа дека Џонсон скокнал пред да биде турнат.

„Никогаш не беше способен ни за пратеник, а не пак за премиер на нашата голема земја“, кажа Дејви.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ