вторник, 22 октомври 2024

Нелегално влегол во Македонија со мерцедес

Жител на Черкезе со автомобил мерцедес од Косово влегол нелегално и е упасен, а во возилото се пронајдени производи за кои требало да се плати царина.

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа во 21 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода З.М.(44) од с.Черкези, кумановско, информираат од МВР.

Во атарот на село Злокуќане, липковско, тој бил затекнат при обид илегално да оствари влез од Косово во Македонија со возило марка мерцедес со кумановски регистарски ознаки.

„При преглед во возилото биле пронајдени производи без потребната документација.
Пронајденото било одземено и предадено на Царинската управа за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ