вторник, 22 октомври 2024

Неколкукратно е зголемен ризикот од сообраќајна несреќа ако користите мобилен телефон

Според статистички податоци од релевантни институции од САД, возачите кои користат мобилен телефон додека возат имаат 23 отсто поголеми шанси да бидат вклучени во сообраќајна несреќа отколку другите возачи, додека истражувањата на Светската здравствена организација покажуваат дека користењето на мобилен телефон за време на возење ја зголемува опасноста од сообраќајна незгода за 4 до 9 пати, предупредуваат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и на патиштата – РСБСП.

Објавено на

часот

Сподели

Зборувањето на мобилен телефон додека управувате со моторно возило во прв ред го одвлекува вниманието, додека пишувањето пораки на телефон е двојно поопасно затоа што не само што го одвлекува вниманието, туку на момент возачот воопшто не го гледа патот и сообраќајот во кој е вклучен, истакнуваат од РСБСП и апелираат да не се користи телефонот во интерес на сопствената безбедност, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

„Студија од Универзитетот во Јута, САД, покажува дека времето на реакција на млад возач кој користи мобилен телефон е исто како и на 70-годишен возач кој не користи мобилен телефон, додека според транспортниот институт на Вирџинија испраќањето пораки за време на возење е шест пати поверојатно да предизвика сообраќајна несреќа отколку возењето во алкохолизирана состојба.

Употребата на мобилен телефон додека се управува со моторно возило е ризично, опасно, но и спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Но, и покрај тоа, голем број возачи користат мобилен телефон додека управуваат возило со што го прекршуваат Законот и ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот на патиштата“, велат од РСБСП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ