вторник, 22 октомври 2024

Неготинчанец ја претепал жена му, таа успеала да го пријави во полиција

Синоќа во 22 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода В.О. од село Тимјаник, неготинско, по претходна пријава од неговата сопруга дека во семејниот дом, по меѓусебна вербална расправија, физички ја нападнал. А физички напад синоќа бил пријавен и во ОВР Кавадарци. В.Г. пријавил дека на улица Партизанска во Росоман бил физички нападнат од маж.

Објавено на

часот

Сподели

„В.О. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа денеска од СВР Велес.

А физички напад синоќа бил пријавен и во ОВР Кавадарци. Според податоците на МВР, синоќа во 19:20 часот В.Г. пријавил дека на улица Партизанска во Росоман бил физички нападнат од маж. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ