сабота, 19 октомври 2024

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Не! за насилството, од мали нозе

Но, пред два месеца целиот регион го стресе вест за масовно убиство во едно училиште во Белград, кое што врз своите другарчиња го направи еден 13-годишник, ученик во истото училиште. Јавноста една недела беше силно возбудена, медиумите преплавени со „најнови вести“ за младиот сторител, неговите родители и слично…

И горе-долу толку. Бргу потонавме во сивилото на секојдневието и фатумот „што ни е судено, тоа“.

Морам да забележам дека очекував, но дека кај нас сепак изостана посериозна институционална реакција, а не пак научни обиди за расветлување на причините за појава на вакви случувања, да не зборуваме за некаква превентива. Препуштени на својата летаргија, нашите институции изгледа дека немаат волја, а ниту ни сили, да се обидат макар превентивно да се справат со ова зло на денешнината.

Зарем толку сме отрпнале и сме го прифатиле насилството како дел од животот? Зарем нашите институции немаат намера ништо да сторат за навремено препознавање на врсничкото насилство по училиштата, особено во време на тик-ток и други, често смртоносни предизвици? Зарем така лесно испарува свеста дека насилни деца раснат во насилни луѓе? А насилни луѓе применуваат насилни методи насекаде во општеството. Зар ќе допуштиме насилници да ја водат државата и да ја кројат нашата иднина?

Поставувајќи си ги сите овие прашања, силно ме израдува најавата дека денеска, 6 јули, во 19 часот, во локалот Рагуза 360 степени (на отворениот покрив) во центарот на Скопје ќе се одржи научна трибина посветена на влијанието на насилството врз  менталното здравје на деца и млади, но и на жени и стари лица во криза.

ф

На оваа научна трибина, отворена за сите заинтересирани лица, а поддржана од Градскиот комитет на ВМРО Скопје, како предавачи се најавени еминентни имиња на македонската психијатрија, како проф. др. Славица Арсова Хаџи-Анѓелковска, др. Васка Митова и др. Александар Ристески. Очекувам тие да фрлат толку потребна светлина врз улогата на семејството, предучилишните установи, училиштата и пошироката социјална средина во препознавањето на врсничкото, семејното или пак партнерското насилство, како прв и важен чекор во справување со насилството. Спознавањето на проблемот е прв чекор во неговото решавање, секако. А чекорењето треба да продолжи.

Веројатно ќе се прашате што има насилството заедничко со нашата дипломатија? Зошто ја вадиме оваа тема од дипломатската торба?

Па… сетете се само на начинот на избор на собранискиот состав вклучително и претседателот, на злоупотребата на дипломатијата при склучување на неславните „добрососедски договори“ последните години, на начинот и методите употребени за виткање рака при „обезбедување мнозинство“ за промена на името на државата, за злоупотребата на дипломатијата при прифаќањето на францускиот предлог и покрај жестокиот општествен отпор, како и за начинот на донесување нетранспарентни одлуки за големи инвестициски потфати со наши пари, а сето тоа „за наше добро“ (??!).

Насилни деца раснат во насилни луѓе. Зар ќе допуштиме насилници да ни ја водат државата и да ја кројат нашата иднина?

                                                                                                            Зоран Дабиќ, амбасадор

КОЛУМНИ

Миле Ѓорѓијоски

Драг мој земјаче Фатмир Дехари!

Миодраг Врчаковски

Илегална миграција на легален начин!

Сеад Џигал

Стереотипите како бариера за жените кандидатки

Ристо Цицонков

Греење: Не си играјте со децата, може да се разболат

Кристина Пота Радуловиќ

„Ти си пречувствителен/на“ – грижа за нас или агресија и етикетирање?

Ристо Цицонков

Базна електрична енергија да, ама не со слаб кадар и неприменети...

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ