понеделник, 21 октомври 2024
Светски конгрес на новинарите

Не треба да се плашиме од вештачката интелегенција, човекот е одговорен за лажните вести

Објавено на

часот

Сподели

Новинарството е исправено пред нов предизивик. Ако тоа годините наназад беше медиумската писменост, сега тоа е писменоста за вештачката интелегенција (АИ) и новите технологии, е општиот заклучок на новинарите, учесници на светскиот конгрес во Виена на темата „Нови граници: слобода на печатот и медиумски иновации во ерата на вештачката интелигенција“. Целта на новинарите на овој конгрес е да се фокусираат на изнаоѓање на решенија за обезбедување на иднината на медиумите, во услови на наплив на лажни вести и дезинформации што постојано се шират во јавноста.

Вештачката интелегенција е машина само човекот ја знае вистината

Мора да разберете дека вештачката интелегенција (АИ) не е човечко суштество и ја нема човечката интелегенција, вели за МКД.мк, Чарли Бекет, основач-директор на Полис, меѓународниот тинк-тенк за новинарство на Лондонската школа за економија.

„Таа е само јазичка машина. Таа не е машина што ја кажува вистината. Таа може да ви обезбеди текстови или фотографии кои што ги барате. И на крајот од сѐ,  да, таа може да биде употребена за ширење на лажни вести и дезинформации па останува на човекот да донесе одлука за тоа. Добриот новинар ќе ја употреби вештачката интелегенција само за да ја направи својата работа поефикасна, а лошите новинари ќе ја искористат за дезинформации. АИ е создадена од човекот и човекот неа ја користи. Таа може да биде и среќна доколку создаде лажна вест затоа што таа не знае што е вистина на начин на кој што тоа луѓето го знаат“, вели за МКД.мк Бекет.

ф

Извршниот директор на Меѓународниот прес институт Фране Мароeвиќ за МКД.мк вели дека воопшто не треба да се плашиме од вештачката интелегенција (АИ) туку истата треба да ја прифатиме.

ф

„Ние треба да ја користиме вештачката интелегенција  за бенефитите на новинарството. Токму на овој настан говориме за искуствата како со помош на АИ да привлечеме повеќе публика и како да ги охрабриме новинарите повеќе да истражуваат затоа што, тие што ја користат за лажни вести и пропаганда, веќе се чекор напред. За да покажеме дека АИ ја кажува вистината новинарите мора да се менуваат. Новинарите не се само оние кои известуваат што се случува туку се оние кои треба да проверуваат и да понудат анализи за тоа што се случува. Новинарите мора да покажат како истражуваат, како доаѓаат до нивните приказни, како доаѓаат до нивните заклучоци, а сето ова наспроти лажните вести и пропагандата.

Според Маројевиќ, за да се обезбеди новинарски квалитет во време на вештачка интелегенција новинарите само треба да го почитуваат етичкиот кодекс, затоа што, како што вели тој, токму тоа треба да се покаже денес како никогаш досега.

Затоа што денес, името и брендот не се доволни сами по себе, вели Мароевиќ.

На прашањето што ќе ни е вештачка интелегенција ако новинарот мора постојани да истражува и проверува, Мароевиќ вели дека човекот на може да ги обработува милионите дата податоци како што тоа го прави машината.

„Впрочем случајот со Панама пејперс не бил можел да биде обработен од човекот. Затоа ни е потребна таа машина. Сепак тука е новинарот кој е одговорен за тоа што е точно и таквата информација да ја пренесе како интерес на јавноста“, вели Мароевиќ.  

Вештачката интелегенција може да клевети луѓе, на владите им треба помош да ја регулираат

Ние сè уште не знаеме на кои сè начини вештаќката интелегенција (АИ) може да влијае врз нашите животи и уривањето на човековите права, вели американската новинарка од Њујорк Тајмс Џулија Ангвин.

Затоа таа смета дека пристапот на Европската Унија (ЕУ) за регулација на употребата на вештачката интелегенција е интересен и еден од најиновативните.

с

Имаат нов закон наречен Акт за дигитални услуги кој стапува на сила оваа година и со него големите технолошки компании се обврзуваат да го проценат ризикот од нивната технологија и да го намалат тој ризик.  Мислам дека тоа е вистински чекор напред, бидејќи во реалноста ние, кои не ги познаваме технологиите имаме проблем да ги разбереме сите можности кои ги имаат и штетата која може да ја направат. Ние знаеме дека со неа може да се креираат дезинформации, лажни сценарија, да се клеветат луѓе, но мислам дека всушност сè уште учиме “, вели Ангвин.

За комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ пак регулацијата на вештачката интелигенција е слаба. Таа информираше дека ЕУ веќе размислува да формира ново тело за заштита на правата.

„Ни треба механизам за заштита, поради недостигот на едукација и информираност. Јас секогаш ќе бидам за тоа да се постават стандарди и насоки кои ќе им помогнат на владите. Тешко е да се одлучи накаде ќе се движите. Вештачката интелигенција не е нешто кое е измислено вчера, но проблемот е многу поголем од слободата на изразување. Последното нешто кое го сакам е да видам дека новинарите и слободата на изразување се загрозени. Нив мора да ги заштитиме “, вели Мијатовиќ.

Светскиот конгрес за новите технологии во медиумите продолжува со единствена цел да се истражи брзо развивачката технологија за да се заштити независно новинарство.

                                                                                                                                         Искра Опетческа

 (Овој текст е изработен во рамките на Светскиот конгрес на Меѓународниот прес институт, на кој група новинари од Македонија учествуваа преку проектот на Институтот за комуникациски студии ,,Користи факти”, кој е поддржан од Британската амбасада во Скопје.)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ