недела, 24 ноември 2024

Не се знае кога, ама ќе се врати електронското закажување за лични документи, најави Андоновски

Наскоро ќе бидат вратени во функција сервисите за електронско закажување и добивање документи преку порталот uslugi.gov.mk, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Тој не прецизираше кога, но очекува тоа да се случи во првите 100 дена од мандатот на Владата.

Објавено на

часот

Сподели

Електронското поднесување на барањата за документи во МВР извесен период е прекинато и со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски тој веќе имал состаноци за враќање на оваа услуга за граѓаните.

„Она што се случувало во изминатиот период, е тотален хаос во издавањето документи. Во моментот, електронското поднесување на барање е паузирано, но веќе имавме состаноци со министерот Тошковски како да го вратиме. Не сакам да играм со рокови и со датуми, кога немам точна информација или не зависи само од мене или од моето министерство, но сигурен сум дека за многу брзо време ќе ги вратиме сервисите на закажување и добивање електронски документи преку порталот uslugi.gov.mk. Мислам дека во првите 100 дена ќе имаме резултати“, рече Андоновски, одговарајќи на новинарски прашања по состанокот со работната група за изработка на сајбер-стратегија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ