вторник, 22 октомври 2024

Не се само Балканците, Австријците извадија контроверзен политички транспарент на ЕП

Уште еден контроверзен гест на навивачи на Европското првенство, овојпат не беа тоа Балканци, туку Австријци. Неминовно и тие ќе добијат казна.

Објавено на

часот

Сподели

На дуелот со Полска, австриските навивачи извадиле знаме на кое пишува „Брани ја Европа“.

„Брани ја Европа“ е слоган на ултрадесничарите и националистичките движења во Европа, а се однесува на промена на мигрантската политика во Европската унија.

Со соопштение по овој скандалозен транспарент се огласи и Австриската фудбалска федерација.

„Австриската фудбалска федерација е длабоко загрижена поради тоа што навивачите успеале да внесат таков транспарент и покрај строгите контроли. Федерацијата и репрезентацијата отсекогаш се залагале за толеранција, диверзитет и интеграција на сите членови во општеството“, соопштија од Австриската фудбалска федерација.

Претходно во центарот на вниманието беа балканските навивачи, Албанците, Хрватите и Србите веќе добија казни за однесувањето на нивните фанови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ