недела, 14 јули 2024

Назначен е нов шеф на НАТО

Амбасадорите на земјите-членки на НАТО денеска донесоа одлука за следен генерален секретар да го назначат Холанѓанецот Марк Руте, кој ќе ја преземе функцијата на 1 октомври годинава.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Северноатлантскиот совет во средата одлучи да го назначи Холанѓанецот Марк Руте за иден генерален секретар на НАТО, кој ќе го наследи Јенс Столтенберг“, се вели во соопштението на НАТО.

Долгогодишниот холандски премиер ќе ја преземе функцијата на 1 октомври годинава, кога му истекува мандатот на Норвежанецот Јенс Столтенберг.

Со ваквата одлука на Северноатлантскиот совет, прашањето за именување на нов генерален секретар беше тргнато од дневниот ред на претстојниот самит на НАТО, што ќе се одржи кон средината на следниот месец во Вашингтон.

Генералниот секретар на НАТО се избира со консензус на сите членки. Традиционално местото на генерален секретар му припаѓа на некој од европските членки на Алијансата, додека началникот на воениот штаб е Американец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ