сабота, 19 октомври 2024

Научниците кои го овозможија развојот на вакцината против корона добија Нобелова награда

Научниците Каталина Карико и Дру Вајсман од Унгарија и САД ја добија Нобеловата награда за физиологија и медицина за откритијата што овозможија развој на мРНА вакцина против ковид-19, објави во понеделникот Нобеловиот комитет.

Објавено на

часот

Сподели

Наградата, меѓу најпрестижните во научниот свет, ја избра Нобеловиот комитет на шведскиот медицински универзитет Каролинска институт, а вклучува 11 милиони шведски круни (околу 950 илјади евра).

„Нобеловата награда за физиологија и медицина за 2023 година им беше доделена на Каталина Карико и Дру Вајсман за нивните откритија во врска со модификациите на нуклеозидните бази што овозможија развој на ефективни мРНА вакцини против ковид-19“, објави комитетот.

Минатогодишната награда за медицина му припадна на Швеѓанецот Сванте Паабо за секвенционирање на геном на неандерталец, изумрен роднина на денешниот човек, и за откривање на досега непознат човечки роднина, Денисовците.

„Преку нивните револуционерни откритија, овогодинешните лауреати фундаментално го променија нашето разбирање за тоа како мРНА комуницира со нашиот имунолошки систем. Тие придонесоа за невидена стапка на развој на вакцините за време на една од најголемите закани за човековото здравје во модерното време“, објави Нобеловиот комитет при Институтот Каролинска во Стокхолм.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ