петок, 18 октомври 2024

НАТО сака да ја почне обуката на украинските пилоти ова лето

Објавено на

часот

Сподели

НАТО членките Данска и Холандија ја предводат интернационалната коалиција на земји кои би ги тренирале пилотите и помошниот персонал и на крајот би ја снабдиле Украина со авиони Ф-16.

„Ова лето е нашата амбиција. Ќе видиме дали е тоа реално за почеток на нашата тренинг програма“, кажа Олонгрен за Ројтерс.

Додаде дека целта би била програмата да биде целосно оперативна во рок од шест месеци. Данска, каде што се наоѓаат симулаторите за лет, е можна локација домаќин.

Конечна одлука во врска со молбите на владата во Киев за снабдување со авиони Ф-16 не е донесена, истакна холандската министерка.

Холандија, заедно со други членки на НАТО, е во транзиција на авиони од поновата генерација, Ф-35. Таа сè уште во својот арсенал има 24 летала Ф-16, кои во скора иднина би можеле да тргнат за Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ