вторник, 22 октомври 2024

НАТО може да смета на брза мобилизација на 300.000 војници

НАТО може да смета на брза мобилизација на 300.000 војници кои ги ставиле на располагање земјите членки, кажа денес висок претставник на западниот воен пакт.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Земјите од НАТО по почетокот на конфликтот во Украина во февруари 2022 година се договорија значително да го зголемат бројот на војници кои можат да ги мобилизираат за помалку од 30 дена.

Одговорите кои ги дале сојузниците „во голема мера надминуваат 300.000“ – бројката која тогаш ја одреди Алијансата, кажа функционерот кој не сакал да му се објави името.

Таквото ангажирање на војници е дел од плановите на НАТО да одговори и на можноста за напад, како што беше одлучено на самитот на Алијансата во Вилнус во Литванија минатата година.

Овие планови прецизираат што секоја членка треба да направи во случај на инвазија на Русија.

Воените команди проверуваат во секоја земја од Алијансата дали ги имаат потребните капацитети и дали можат да ги спроведат тие планови.

Агенцијата Франс прес пишува дека НАТО доцни со противвоздушната одбрана и ракетите со долг дострел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ