вторник, 22 октомври 2024

НАТО: Кина да биде потранспарентна во однос на нуклеарното оружје

Објавено на

часот

Сподели

Тој на безбедносната конференција Шангри-Ла во Сингапур рече дека НАТО е подготвен да разговара со Пекинг за ова прашање.

„Како глобална сила, Кина има одговорност да биде потранспарентна“, рече Лапсли, додавајќи дека обемот и темпото на подемот на Кина се „навистина зачудувачки“, според Ројтерс.

Тој нагласи дека НАТО не сака да се меша во регионот, туку сака да се ангажира, истакнувајќи дека Кина има право да ги модернизира и прошири своите арсенали. „НАТО е отворен за дијалог, но не може да го замени дијалогот меѓу САД и Кина“, рече Лепсли.

Во годишниот извештај на Пентагон за Кина, објавен во ноември 2022 година, се вели дека Пекинг ја забрзал својата експанзија во 2021 година и сега има повеќе од 400 оперативни нуклеарни боеви глави, бројка што сè уште е далеку под американскиот и рускиот арсенал.

До 2035 година Кина најверојатно ќе има 1.500 нуклеарни боеви глави, предупреди Пентагон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ