петок, 18 октомври 2024

Населби во Аеродром и Сарај денеска без струја, без вода дел од Гази Баба

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, (РЦУК) од 9 до 11 часот струја нема да имаат корисниците од дел од ТЦ Скопјанка и зградите помеѓу булеварите Кузман Јосифовски – Питу и „Јане Сандански, а од 9 до 14 часот корисниците од дел од улицата Арх. Сотир Томовски, дел од улицата Мите Богоевски и дел од улицата Жорж Бизе во Аеродром. Од 12 до 14 часот корисниците од дел од булеварот Србија – фирмите Микро АСУ, Еуропап ДОО, Каса локс ДОО во општина Аеродром.

Од 8.30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Крушопек, општина Сарај, од 8.30 до 11 часот корисниците од улиците Димитар Благоев и Ѓорги Андреевиќ Кун.

РЦУК – Скопје соопшти дека утрово од 8:30 часот вода нема да имаат корисниците на дел од Ќерамидница, Бриколаж и Бонум во општина Гази Баба.

Причина за прекинот на водоснабдувањето е промена на затворач ф 80 мм на улицата Перо Наков бр.57.

Прекинот ќе трае до завршување на зафатот.

                                                                                Фото: ФБ на Општина Аеродром 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ