петок, 25 октомври 2024

Нарендра Моди на прагот да освои трет последователен мандат

Партијата на индискиот премиер Нарендра Моди води со 39,3 отсто од освоените гласови на парламентарните избори, соопшти денеска изборната комисија по пребројувањето на четвртина од гласачките ливчиња.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Хиндуистичката националистичка партија БЈП (Бхаратија Џаната партија) на Моди и нејзините сојузници ќе освојат најмалку 281 место, според сегашните бројки на комисијата.

Тоа е повеќе од 272 места, колку се потребни за неопходното парламентарно мнозинство.

Индискиот премиер Нарендра Моди е на прагот да освои трет последователен мандат.

Парламентарните избори во Индија траеја шест недели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ