сабота, 19 октомври 2024

Нападната сликата на Мона Лиза (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Маж преправен во постара жена во неделата ја нападна култната слика на Мона Лиза во париски Лувр.

Љубителите на уметноста во музејот беа шокирани откако една постара жена ненадејно скокна од инвалидска количка, се упати кон ремек-делото на Леонардо да Винчи и го намачка со крем за торта.

Напаѓачот, за кој се испостави дека е млад човек со перика, беше набрзина приведен од обезбедувањето.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=PMVCVgRt3iE autoplay:0]

Додека стражарите го изнесуваа од собата, тој извика на француски: „Помислете на Земјата. Уметниците мислат на Земјата. Сите уметници мислат на Земјата. Затоа го направив тоа“.

Портретот на Мона Лиза, создаден од Да Винчи помеѓу 1503 и 1519 година, за време на очигледно еколошкиот протест воопшто не бил во вистинска опасност бидејќи е заштитен со цврсто стакло отпорно на куршуми.

Екранот бил поставен по инцидент во 1956 година кога долниот дел од уметничкото дело бил сериозно оштетен од вандал, кој ја полеал сликата со киселина.

Вработените во музејот брзо го избришаа кремот за торта од заштитното стакло и во Лувр продолжија вообичаените активности.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ