вторник, 22 октомври 2024

Нападната најголемата американска база во Сирија

Пет припадници на специјалните сили на Сириските одбранбени сили (СДФ), кои биле со американските сили во близина на нафтеното поле Ал Омар во селото Деир ез Зор се убиени, а околу 20 борци се ранети во напад кој го извршила групата Исламски отпор ноќеска, кога воената база која ја користат американските сили била гаѓана со дрон, во рамки на кампањата „Одмазда за Газа“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Овој напад е првиот одговор на иранските милиции на американски бази по американските воздушни напади на позициите на милиции во различни области во Сирија и Ирак кои ги контролираат.

Од 19 октомври, Сириската опсерваторија за човекови права документирала 108 напади кои ги извршиле милиции поддржани од Иран на бази на коалицијата во различни делови на Сирија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ