вторник, 22 октомври 2024

Напад со нож во израелски трговски центар, едно лице загина, друго е рането (ВИДЕО)

Едно лице е убиено денеска, друго е рането во напад со нож во израелски трговски центар, во кој загинал и напаѓачот, соопштија израелската полиција и медицински лица.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата соопшти дека се сомнева дека станува збор за терористички напад, а израелските лекари изјавиле за Ројтерс дека една од двете жртви била прогласена за мртва откако била итно пренесена во болница. Напаѓачот загинал во трговскиот центар во Кармиел во северниот дел на Израел.

Израелските лекари претходно денеска известија дека двајца мажи на возраст од дваесетина години биле донесени во итната помош, едниот во многу тешка состојба, а другиот целосно свесен.

На видео снимката од местото на настанот, која беше објавена на социјалните мрежи и прегледана од новинарите на Ројтерс, се гледаат двајцата мажи како неподвижни лежат на земјата од трговскиот центар додека луѓето се обидуваат да им пружат прва помош.

Еден од мажите кој бил донесен во итната медицинска помош бил облечен во зелена униформа, што може да се види на видеото. На истата снимка се гледа и трет човек на кој никој не му помогнал. Тој бил облечен во униформа и останал да лежи неподвижен на земја.

Засега никој директно не презеде одговорност за нападот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ