вторник, 22 октомври 2024

Наместо пет, Гаши ќе има тројца заменици во Собранието

Претседателот на Собреанието, Африм Гаши наместо прво планираните пет, ќе има тројца заменици потпретседатели кои треба да бидат избрани на утрешната собраниска седница откако претходно ќе бидат утврдени на Комисијата за избори и именувања, потврди вечерва пратеничката Весна Бендевска.

Објавено на

часот

Сподели

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески од СДСМ и Весна Бендевска од ЗНАМ се предлозите за идните потпретседатели на Собранието.

Тие треба да бидат избрани на утрешната собраниска седница откако претходно ќе бидат утврдени на Комисијата за избори и именувања.

„Типично, опозицијата и една до две партии од владејачкото мнозинство добиваат потпретседателско место. Бројот на потпретседатели треба да го финализира Комисијата за прашања на изборите и именувањата“, изјави Бендевска во гостување на ТВ21.

Таа ги демантираше информациите дека ќе биде идната министерка за правда од редовите на ЗНАМ.

Пратениците денеска гласаа и за точката за основање на постојаните работни тела на Собранието која помина со 91 гласа за, без ниту еден против и без ниту еден воздржан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ