петок, 18 октомври 2024

Наместо Комунална хигиена, општина Центар сама ќе си го чисти ѓубрето

Објавено на

часот

Сподели

На терен ќе биде употребена целата механизација во сопственост на претпријатието како и дополнителна опрема за собирање смет, велат од општина Центар.

„Ги преземаме работите во наши раце. Општина Центар започнува да ја чисти општината и да го собира сметот самостојно од утре рано изутрина. Обезбедени се четири камиони за собирање смет и еден камион за подигање контејнери, како и целата механизација на ЈП „ПОЦ“ меѓу кои три метларки и цистерна за темелно миење на улиците. Рано наутро речиси сите хигиеничари заедно со цела механизација излегува на терен“, истакна Герасимовски.

Тој испрати апел Град Скопје итно да ги реши проблемите во јавното претпријатие и да започне со чистење на градот. Граѓаните, како што посочи, не смее да бидат жртви на лошото управување во градот, ризикот по здравјето на граѓаните е огромен.

Од Општина Центар соопштија дека вчера алармираа за изнаоѓање брзо решение за неисчистените контејнери и преполните канти со смет, поради протестот на ЈП „Комунална хигиена“ во Скопје, откако голем број граѓани се пожалиле на нехигиената и неподносливата миризба од преполните контејнери по булеварите и улиците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ