недела, 6 октомври 2024

Највисока излезност на француските избори во последните 43 години

Одѕивот на гласачите во вториот круг од француските парламентарни избори до денеска до 12 часот е највисок од 1981 година и поголем од вториот круг од последните парламентарни избори одржани во 2022 година, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Излезноста беше 26,3 отсто, што е значително зголемување во однос на 18,99 отсто пред две години.

Гласачките места ширум Франција беа отворени утринава за вториот круг од парламентарните избори, при што се очекува лидерката на екстремната десница Марин Лепен да победи со партијата Национален собир.

Иако антиимиграциската, евроскептичната партија можеби нема да освои целосно мнозинство, а поделбите во парламентот би ја оставиле Франција во политичка неизвесност и ќе ја ослабат нејзината меѓународна позиција, пишува Франс прес.

Гласањето започна во 08:00 часот и треба да продолжи до 18 или 20:00 часот во поголемите градови, кога ќе бидат објавени првите проценки на резултатите.

Главното прашање е дали партијата Лепен и нејзините сојузници ќе постигнат апсолутно мнозинство од 289 места во 577-членото Национално собрание, долниот дом на Франција.

Последните анкети предвидуваат дека Национално собрание и неговите сојузници ќе обезбедат 175 до 215 места, што е многу помалку од апсолутно мнозинство.

Во првиот круг минатиот викенд, Националниот собир беше најсилната партија, пред новиот левичарски сојуз и центристичкиот табор на претседателот Емануел Макрон.

Тој побара предвремени парламентарни избори по поразот на неговата партија на изборите за Европскиот парламент на почетокот од јуни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ