петок, 8 ноември 2024
Повредениот е во болница

Детали од МВР: Го раниле пукајќи од пасат во движење во Чаир

Едно лице е повредено вечерва во скопски Чаир откако во него било пукано од возило пасат. Повредениот е однесен во Градската општа болница „Наум Охридски, а на местото на пукањето има полиција која врши увид. Од Министерството за внатрешни работи вечерва го потврдија случајот.

Фото: МКД

Објавено на

часот

Сподели

„На 05.10.2024 во 20:20 часот пријавено е дека на улицата ‘Цветан Димов’ во Скопје има повредено лице од огнено оружје. Според пријавеното, во повредениот е пукано од возило пасат“, се вели во информацијата од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, а детали ќе следуваат во текот на утрешниот ден по завршување на увидот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ