недела, 20 октомври 2024

Најскапиот дачија дастер доаѓа од Германија и чини 34.990 евра (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Иако дастерот многумина го доживуваат како работно возило, а неговата најголема предност е односот на вложеното и добиеното, ретко кој романскиот теренец го доживува како кул автомобил. Барем додека се видат перформансите кои ги потпишува Карпоинт.

Основата е веројатно верзијата „екстрим“, и тоа со моментално најатрактивниот 1,3литарски бензински мотор со 150 коњски сили и погон на сите тркала.

Сега покрај името дастер стои и „Карпоинт гелб едишн“, а лесно се препознава по жолтата боја, бројните додатоци и 20-инчните тркала.

Вградувањето широки гуми со низок профил нема да им одговара на оние кои сакаат да скршнат од асфалтот, додека на други ќе им се допадне тоа што романскиот теренец оди во насока со своите премиум ривали од Западот, кои одамна се предмет на преработки.

Автомобилот е украсен со дополнителни прагови под вратите, маска со новото лого на марката и посебна графика.

На задниот дел доминира двоен ауспух.

Промените во кабината се скромни, со навигација и автоматска контрола на клима-уредот, како и греење на предните седишта.

Карпоинт го нуди овој модел по цена од 39.990 евра, што е релативно фер цена имајќи ја предвид ексклузивноста.

За авантуристите има и „камуфлаж“ верзија со шатор на покривот, која чини 34.990 евра.

дачија

дачија

дачија

дачија

дачија

дачија

дачија

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ